Нападнат возач на автобус на ЈСП

Нападнат возач на автобус на ЈСП


Возач на автобус бр. 67 на ЈСП е нападнат вчеравечер од неколку лица при тргнување од Зелениково кон Транспортен центар во Скопје.

На нападот му претходело недоразбирање околу сообраќаен прекршок. По нападот возачот А.Д. (36) е пренесен во Градска општа болница „Наум Охридски“. 

Во соопштението од полицијата е наведено дека вчера во 18:20 часот на влез во село Студеничани дошло до недоразбирање околу сообраќаен прекршок помеѓу возачот А.Д. (36) од Скопје и непознати лица со патничко возило „Пасат“ со скопски регистарски ознаки, кои притоа му упатиле закани. Околу 18:55 часот, кога возачот со автобусот почнал да се движи од Зелениково кон Транспортен центар, пред автобусот се испречило патничко возило „Шкода Фелиција“ и џип – непозната марка, од кои излегле повеќе лица, кои насилно ја отвориле вратата од автобусот, влегле внатре и го нападнале возачот. 

Двајца од напаѓачите, Е.Ф. (25) и А. Г. (24) од Зелениково, се пронајдени и приведени во Полициската станица – Драчево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно