Најмалку 500 лица повредени во Газа

Најмалку 500 лица повредени во Газа


Над 500 луѓе се повредени во протестите во Појасот Газа. Палестинската власт ја соопшти оваа вест.

Повеќето повредени лица имаат престрелки или имаат компликации од нападите со солзавец, велат од палестинското Министерство за здравство.  Најмалку една од жртвите е во тешка состојба. Од 30 март  досега во нередите загинаа 34 луѓе. 

Ограничените судири меѓу Палестинците и израелските војници се проширија на најмалку две гранични позиции, а повеќе протести се очекуваат попладне по муслиманските молитви.

Најмалку седум Палестинци беа застрелани и повредени од израелски војници, објави Министерството за здравство во Газа.

Израелската армија, тврди дека „шверцери и терористи” фрлаат молотови коктели врз израелски војници.

Конфликтите кои избувнаа на границата меѓу Појасот Газа и Израел, се случија откако илјадници демонстранти се собираат трета недела по ред.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно