Надал се повреди и го предаде мечот, Чилиќ во полуфиналето против Едмунд

Надал се повреди и го предаде мечот, Чилиќ во полуфиналето против Едмунд


Големо разочарување за тениските фанови се случи на денешното четвртфинале на Австралија Опен помеѓу Марин Чилиќ и Рафаел Надал.

Шпанецот и прв рекет на АТП листата мораше да го предаде мечот поради повреда при резултат 2-2 (3-6, 6-3, 7-6/5, 2-6) во сетови и 0-2 за противникот во одлучувачкиот петти сет.

Во меч кој траеше скоро четири часа, Надал во повеќе наврати се пожали на болка во десната нога, болки кои на крајот се покажаа како преголеми и го натераа прерано да го заврши турнирот. До тој момент, ништо не ги издвои двата тенисери, кои одиграа еден од подобрите дуели на овогодишното издание на Австралија Опен.

Тенисерот од Мајорка на двапати водеше, но Хрватот одговори со два лесни сета за да го однесе мечот во одлучувачки сет. Таму, и покрај сите напори, Рафа одлучи да стави крај и да го однесе Чилиќ на мегдан против Кајл Едмунд во полуфиналето во Мелбурн. Во утрешните четвртфинални дуели ќе се сретнат Федерер и Бердих, односно Чунг против Сандгрен.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно