На Вучиќ нема да му биде пријатно кај Колинда

На Вучиќ нема да му биде пријатно кај Колинда


Српскиот претседател Александар Вучиќ ја прифати поканата на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во февруари да замине во официјална посета на Хрватска.

„За нашата земја е многу важно што ја добивме поканата и одиме таму на 12 и 13 февруари, ќе биде тоа дводневна посета. Ќе разговарам со хрватските функционери, но и со обичните Срби, малите луѓе. Треба да се решат проблемите од минатото, но многу повеќе треба да разговараме за иднината“, кажа Вучиќ.

„Мораме да ги решиме бројните проблеми на исчезнатите и протераните лица. Разговорите нема да бидат ни лесни ни пријатни, но ќе бидат важни и јас одам во Хрватска со најдобра намера“, додаде српскиот претседател.

„Полошо од актуелната состојба не може да биде и јас се надевам дека ќе ги решиме сите пречки кои не оптоваруваат“, заклучи тој.

Колинда Грабар Китаровиќ вчера му испрати покана на српскиот претседател. Во соопштението се истакнува дека созреало времето за Вучиќ да ја посети Хрватска.

„СО добра намера бидејќи обострано постои желба да се надминат пречките и настаните кои нѐ држат како заложници на минатото и да се обезбеди напредок на нашите народи и држави, го поканив претседателот Александар Вучиќ во официјална посета на Република Хрватска кон средината на февруари“, кажа Грабар Китаровиќ. „Сакам со тоа да отвориме нова страница во нашите односи“

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно