Музејот на Есма разбиен, не е ограбен - Зошто

Музејот на Есма разбиен, не е ограбен - Зошто


Внуците на Есма Реџепова велат дека нема украдено никакви предмети, односно дека истите од нив биле преместени и се чуваат на сигурно.

Музејот на Есма Реџепова, кралицата на ромската музика, е пријавено дека бил ограбен во изминатиот период, а точно кога и од кого засега е непознато бидејќи објектот кој е оставен како имот на Република Македонија подолго време не е пријавено дека има било какви проблеми. 

- Во текот на вчерашниот ден е пријавено дека во периодот од 12.12.2016 година до 30.03.2018 година од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во музејот на Есма Реџепова на улица "Самоилова". Се преземаат мерки за утврдување на одземените предмети и пронаоѓање на сторителот, велат од полицијата. 

Внуците на Есма Реџепова велат дека нема украдено никакви предмети, односно дека истите од нив биле преместени и се чуваат на сигурно. 

Увидот бил направен во присуство на иследници од МВР и од Министерство за култура, како и од Музеј на град Скопје,  а по барање на фондацијата „Есма Реџепова“.Сепак се шушка дека во семејството што го обединуваше Есма, има недоразбирања, музички и секакви разидувања.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно