Мутанти ракови шират смртоносна чума

Мутанти ракови шират смртоносна чума


Се почнало така што некои од сопствениците на приватни аквариуми или сопственици на аквариуми за животни за продажба, помислиле дека им е доста од тие животни и дека е најдобро да ги фрлат во река.

Тоа се случило во Германија во 1995. година. По 23 години, посебниот мутиран подвид на мермерен рак се проширил како инвазивен вид од Шведска до Мадагаскар и од Германија до Јапонија. Јадат се пред себе, а притоа пренесуваат и смртоносна чума. 

Група германски научници конечно го објаснила феноменот на брзото ширење на овој вид на рак. Тие го докажале тоа во што се сомневале од порано, односно дека станува збор за ракови кои се размножуваат бесполово, односно од неплодни клетки. На овој начин сите потомци се женки и сите потомци се клонови на своите родители, па така и на своите прародители. Во списанието "Nature" е објаснето дека ДНК анализата покажала што точно се случило.

Станувало збор за ракови кои инаку сосема нормално живеат во мир на Флорида, се додека овие луѓе не забележале дека овие речни ракови се многу едноставни за одгледување во заробеништво, и како такви се погодни за домашни миленичиња или за лабораториски истражувања. Во еден момент, во некои аквариуми во Германија, кај некои од тие ракови дошло до дуплирање на геномот во клетките од спермата, ако станувало збор за мажјак, или во геномот на јајце-клетките, доколку станува збор за женка.

Новите мермерни ракови растат многу брзо, до 13 сантиметри и до полна полова зрелост веќе за четири месеци. Го креваат потомството на стапка повисока од 400 јајца, јадат се, а може да се најдат ви сите видови на слатки води - во реки, во езера, бари, канали, рибници и веќе со години се означени како вид кој, благодарение на тоа што јаде се пред себе, ги потиснува природните автохтони видови на слатководни ракови.

Дека станува збор за првиот вид на рак кој се размножува бесполово станало јасно уште во 2003. година. Истиот момент овој вид на рак научниците го сместиле многу високо на листата на инвазивни видови.

До денес овој рак бил пронајден во Германија, Словачка, Италија, Холандија, Унгарија, Шведска и Хрватска. Забележан е и од Мадагаскар до Јапонија.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно