Мутант во морето

Мутант во морето


Бизарното морско суштество кое излегло на брегот, ги збунило набљудувачите кои се исплашиле дека станува збор за некој нов мутант кој живее во морето.

Животното долго нешто повеќе од 12 центиметри било видено на плажата Кох Ланта на југозападот на Тајланд. 

Луј Бургојн, британски турист, го забележал суштеството и се обидел да го врати во водата. На негово изненадување, животното се обидувало да се врати на плажата.

Според зборовите на локалците, постојат голем број на морски животни кои мутирале и кои морето ги исфрла на плажата. Голем дел од нив никој не може да ги идентификува, па многумина се шегуваат дека станува збор за вонземјани, пишува "Daily Mail".

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно