Мурињо треба да му биде благодарен на Милан

Мурињо треба да му биде благодарен на Милан


Мурињо се уште не му се заблагодарил на Милан што стана голем тренер.

Кларенс Сидорф од неодамна е тренер на Депортиво Ла Коруња и мора да се напомене дека новопечениот холандски стручњак се уште ја нема почувствувано сласта на победата како предводник на клубот од „Риазор“, стадион кој кај легендарниот играч за врска нуди посебни емоции поради актуелната работа, но и поради најтешкиот пораз во неговата играчка кариера.

Сидорф во последното интервју за „Фокс Спорт“ потенцира дека никогаш нема да го заборави болниот пораз од Депортиво во четвртфиналето во Лигата на шампионите (првиот меч го доби Милан со 4:1), па сега тренерот на Ла Коруња направи една интересна паралела и извлече уште поинтересен заклучок.

– Мојот најтежок пораз во кариерата? Поразот од 4:0 од Депортиво. Тоа беше најлошиот меч во мојот живот, дури полош и од оној во Истанбул. Мурињо се уште не му се заблагодарил на Милан што стана голем тренер. Тој Милан имаше невеојатен состав, а нашето испаѓање му овозможи да ја освои титулата во Лигата на шампионите. Сега секојдневно влегувам на „Риазор“ и во просториите се фотографиите од головите која таа вечер Депортиво ги постигна против мојот Милан. Ги гледам сликите секојпат кога одам на теренот, а со тоа сфаќам колку таа вечер беше важна за навивачите на Депортиво. Милан имаше супертим и ако не се сопнеше со Депортиво, сигурно ќе ја освоеше тројната круна – вели Сидорф.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно