Мурињо имал проблем со Ибракадабра

Мурињо имал проблем со Ибракадабра


Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, само неколку денови по доаѓањето во новиот тим, зборуваше за соработката со Жозе Мурињо.

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ многу брзо стана една од првите ѕвезди на Лос Анџелес Галакси. Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, само неколку денови по доаѓањето во новиот тим, зборуваше за соработката со Жозе Мурињо.Ибрахимовиќ во Јунајтед помина повеќе од година ипол, а Мурињо му дозволил да замине пред завршување на договорот. Во разговори за „ЕСПН“, Швеѓанецот зборуваше за својот однос со португалскиот стратег.

„Го сакам Мурињо. Тој е посебен. Сака да победува. Каде и да заминеше, освојуваше по нешто. Ме направи да се чувствувам удобно, но ми даде многу одговорности. Ми кажа дека единствен проблем со мене имал, кога требало да ме одмара“, кажа Ибрахимовиќ.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно