Му ја откриле дрогата , а тој Македонецо мистериозно исчезнал

Му ја откриле дрогата , а тој Македонецо мистериозно исчезнал


Околу половина килограм хероин и седум килограми тутун заплениле припадниците на српската царина, во соработка со гранична полиција, за време на контрола на две возила на граничниот премин Прешево, соопштуваат од Царинската управа.

Како што е соопштено, во автобус со нишки регистерски таблички, кој сообраќа на линијата Белград-Скопје, зад седиштетот со број 41 биле откриени машки чорапи во кои се наоѓал пакет обвиткан со леплива трака.

Откако го отворил, утврдено било дека во него има 472 грама хероин. Бидејќи никој од патниците не се изјаснил дека пакетот е во нивна припадност, со проверка на видео надзорот цариниците утврдиле дека хероинот му припаѓа на македонски државјанин кој самоволно го напуштил автобусот кога стигнал на ред за царинска контрола и се изгубил во непознат правец.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно