Морце пијан место в соба, завршил на врв на Алпите

Морце пијан место в соба, завршил на врв на Алпите


Естонец по име Павел тргнал од бар од кој излегол доста напиен, со цел да стигне до својата хотелска соба, но наместо тоа се искачил на еден врв на Алпите.

Турист од Естонија се напил толку многу на зимување на Алпите, што наместо до хотелот стигнал до врв на планина.

Павел бил сместен во комплексот Italy’s Valle d’Aosta, а после бурната пијана вечер, по снежните патеки се упатил кон својот хотел, но за жал не стигнал таму.

Тој на крај завршил на врвот Вентино, а околу 2 и 3 часот наутро, додека и понатаму се искачувал кон врвот го забележал хотелот Игло, а барот од кој излегол се наоѓал 2.400 метри под него.

За среќа, на врвот се наоѓал уште еден хотел во кој насилно влегол и побарал засолниште за да ја помине ноќта.

Наутро го пронашле членови на персоналот, откако тој испразнил две шишиња вода и уринирал по чиста постелнина.

Го барала и полицијата, употребувајќи и дронови, а откако бил пронајден, локалната полиција му рекла дека ќе му биде врачена казна за провала во хотелот, но нема да биде осуден.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно