Мората вели Мурињо се грижеше за младите фудбалери

Мората вели Мурињо се грижеше за младите фудбалери


Шпанската телевизија „Мовистар плус“ почна да објавува делови од опширното интервју направено со Алваро Мората, напаѓачот на Челси кој изминатава вечер се врати на терените и му помогна на својот тим да се врати на победничките патеки во дуелот со ВБ

Првично од ова интервју се издвои тоа што шпанскиот напаѓач не отфрли враќање во својот матичен клуб Реал Мадрид, но од најновиот дел од интервјуто, за издвојување е делот во кој актуелниот напаѓач на „лондонските сини“ говори за животната лекција која ја добил од Жозе Мурињо.

Добро познато е дека токму Португалецот беше човекот кој прв му даде шанса на Мората во првиот тим на Реал, а пораката која ја добил од Жозе по еден лош одработен тренинг во Реал му послужила да го дава максимумот во секој сегмент.

– Мурињо многу внимаваше на играчите од младинскиот тим, тој ми го даде првиот „дебел“ договор во Реал Мадрид. Се сеќавам дека еднаш ме викна после еден лош тренинг и ми одржа лекција. Ако си ги наместиш добро работите, нема да треба да работиш во продолжение од својот живот, но сега е моментот да одлучиш до каде сакаш да стигнеш. Затоа почни да работиш добро и како што треба на тренинзите, – биле зборовите кои му ги упатил Мората кој очигледно ќе ги памети до крајот на својот живот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно