Моќната обвинителка за корупција во Романија не ја руши ниту Владата

Моќната обвинителка за корупција во Романија не ја руши ниту Владата




Романија и натаму ќе продолжи со силната борба против корупцијата откако претседателот на државата Клаус Јоханис одби да ја разреши моќната обвинителка главна на посебното тело за истраги, откако Владата побара таа да биде разрешена подари начинот на кој го води ова тело. Обвинителката Лаура Кодрута Ковеси засега се чини дека ќе ја задржи својата позиција, а веќе започнаа улични протести од различни политички опции.

Јоханис истакна дека нема да ја смени Кодрута Ковеси од позицијата главна обвинителка на Држаното антикорупциско тело, затоа што министерот за правда Тудорел Тоадер не го убедил дека таа треба да биде сменета. Тоадер во февруари рече дека Ковеси треба да биде сменета, потег за кој многумина сметаа дека е политички мотивиран затоа што агенцијата за борба против корупција истражуваше високи членови на владејачката Социјалдемократска партија. Тој побара смена на Ковеси затоа што наводно постои сериозна загриженост поради начинот на кој таа работела и оцени дека покажала „претерано авторитарен став“. 

Високиот совет на судии смета дека таа не треба да биде сменета. Илјадници граѓани протестираа во градови во цела Романија со барање оставка од министерот за правда Тудорел Тоадер поради неговото барање да се смени главната обвинителка за корупција. Онлајн петицијата во која се претседателот Јоханис се повикува да не ја смени ја потпишале 108.000 граѓани.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно