Модриќ се збогува со Реал, нова љубов Ливерпул

Модриќ се збогува со Реал, нова љубов Ливерпул


Како што пишува „Diario Gol“, Лука Модриќ им се доверил на своите блиски дека на крајот од оваа сезона ќе го напушти Реал Мадрид.

По шпекулациите дека Миралем Пјаниќ ќе го замени Модриќ, шпанскиот спортски портал тврди дека хрватскиот репрезентативец самиот одлучил да си замине. Според истиот извор, Модриќ ќе се врати во Англија. Имено, Ливерпул подготвил понуда од 60 милиони евра за надомест. Но, тие не се единствениот заинтересиран тим. И управата на Арсенал е заинтересирана за одличниот играч за врска.

„Diario Gol“ објаснува дека враќањето на Модриќ во англиската лига е „одличен начин за крај на одличната кариера“. Пишува и дека не би имал големи проблеми во врска со прилагодувањето, бидејќи по напуштањето на Динамо Загреб во Тотенхем помина четири години.

Модриќ со шпанскиот клуб освои два Супер купа на Шпанија и по три Лига на Шампиони, Светско клупско првенство и УЕФА Супер Куп.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно