Младите на 11 години користат ножеви

Младите на 11 години користат ножеви


Низ улиците на Лондон може да се види многу лоша слика. Млади деца уште од 11 годишна возраст стануваат насилници чијашто главна играчка повеќе не се џамлиите како порано, туку ножеви.

Веќе сѐ повеќе се гледаат деца повредени од ножеви, а станува бизарен тренд и употребата на оружје од страна на млади лица на возраст од 11 до 15 години.

 Jermaine Lawlor почнал да носи со себе нож уште кога имал 11 години. Тој вели дека не бил единственото дете во неговиот кварт коешто имал таква навика.

„Во Лондон каде што носењето оружје е нелегално и каде што 90 % од полицајците не користат оружје, се зголемува стапката на криминал. Годинава, до април фатално биле избодени 35 лица, а ако направиме споредба со целата мината година(2017), во којашто имало 79 фатални убоди со нож, можеме да забалежиме ФАТАЛЕН раст на бројката.“, пишува NBC news.

Волонтерите во одредени квартови велат дека сѐ помлади се насилниците коишто завршуваат во затвори. Според волонтерите, многумина од оние коишто носат ножеви не се членови на некаква банда туку тоа го прават затоа што им е страв и се чувствуваат небезбедно.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно