Мини војна Палестина-Израел , 5 лица загинати

Мини војна Палестина-Израел , 5 лица загинати


Најмалку пет лица загинале, а над 300 се повредени во жестокиот судир помеѓу палестински демонстранти и израелската армија, соопштија од палестинското Министерство за здравство.

Крвавиот почеток на најавениот 6 неделен протест најпрвин го одбележаа сцените од фрлањето на камења и запалени гуми на палестинските демонстранти кон израелската армија. Од израелските безбедносни сили соопштија дека возвратиле со солзавец и оган кон „најжестоките демонстранти“.

Како што стои во соопштението на израелската војска, тие нема да толерираат оштетувања на границата, а за сето тоа ќе ја сметаат одговорна палестинската организација Хамас.

Палестинците во појасот Газа подигнале десетици шатори на пет локации долж границата со Израел во пресрет на почетокот на 6 неделниот протест, со барање да им се дозволи на палестинските бегалци да се вратат назад во Израел.

Според податоците на израелската армија, долж границата во кампови има околу 17 илјади Палестинци.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно