Мило е нов претседател на Црна Гора

Мило е нов претседател на Црна Гора


Повеќе од 500 илјади граѓани на Црна Гора со право на глас, денеска избираат претседател. Ова се трети пртеседателски избори во независна Црна Гора, а новоизбраниот шеф на државата ќе го наследи Филип Вујановиќ, кој 15 години е на таа функција.

Во претседателската трка има седум кандидати, но според последните анкети на јавното мислење, предводи Мило Ѓукановиќ, кандидат на владејачката Демократска партија на социјалистите. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, на само неколку дена пред изборите ги повика Албанците во Црна Гора да гласаат за Ѓукановиќ, па денеска според анализите тој уште во првиот круг би освоил околу 50 отсто од гласовите. Веднаш по гласањето, Ѓукановиќ изјави дека очекува да победи уште денеска.

„Очекувам победа во првиот круг. Ќе победам денеска. Верувам дека ова е уште едно позитивно искуство со кое добиваме потврда дека Црна Гора чекори кон усвојување на европски и демократски стандарди и дека станува зрело општество кое наскоро ќе се квалификува за членство во ЕУ.“ - изјави Ѓукановиќ.

Актуелниот претседател Вујановиќ, чиј мандат истекува во мај денеска изрази желба неговиот наследник да ја внесе Црна Гора во Унијата.

„Посебно ми е драго што во текот на моите мандати Црна Гора ја обнови својата државност и влезе во НАТО,а тој тренд го продолжува и кон ЕУ.“ - изјави Вујановиќ.

Најсериозен противник на Ѓукановиќ е независниот кандидат Младен Бојаниќ, кој ја има поддршката на поголемиот дел од опозициските партии. Единствената жена во трката за претседател е Драгиња Вуксановиќ од Социјалдемократската партија која има поддршка на околу осум проценти од гласачите. Избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно