Мијалков во судница за набавка на опрема за прислушување

Мијалков во судница за набавка на опрема за прислушување


Проневера за државни пари за набавка на софвер за потребите на Петтата управа на УБК е обвинението во случајот на Специјалното јавно обвинителство.

Во овој случај обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа во МВР,  бегалецот Горан Грујевски, ексшефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ. Новоназначена судијка за овој предмет е Џанета Бегтовиќ. Според СЈО, Мијалков, Јакимовски и Грујовски, во 2010 година отпатувале во Лондон и договориле набавка на опрема за пресретнување на комуникациите и обука за користење на опремата за потребите на УБК. Но, наместо набавката да оди директно преку Министерството, обвинетите ја вклучиле и компанијата „Финзи“ како застапник на МВР. Оваа компанија била формирана една година пред договорот за увоз на софтвер за прислушување.

Опремата од страна на „Финзи“ била фактурирана кон МВР по двојно поскапа цена. „Финзи“ е компанија во сопственост на фирма од САД, која пак, ја поседува фирма во Кипар. Прв директор на оваа фирма беше Владислав Стајковиќ, братот на Небојша Стајковиќ. Последен директор беше Коста Крпач, сведокот на СЈО кој под сомнителни околности се самоуби.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно