Мицкоски: Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија?

Мицкоски: Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија?


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска со порака по повод годишнината од раѓањето на Гоце Делчев:

Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа отколку во Македонија?…” Делчев, камен темелникот на македонската борба за осамостојување, синонимот за борба и пожртвуваност за Македонија.
И ден денес одзвонуваат неговите зборови и ја рефлектираат реалноста како никогаш до сега.
Браќа и сестри, во секој од нас има дел од нашиот најголем идеолог, во секој од нас тлее љубовта за Македонија, тлее жарот за Македонија.
Му го должиме тоа нему, на себеси и на нашите идни поколенија.
Вечна слава!

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно