Место лекарства голтале евра-грчки функционери, митаџии

Место лекарства голтале евра-грчки функционери, митаџии


Вкупно 10 политичари од Грција, кои во периодот 2006-2015 биле на функција, меѓу кои двајца поранешни премиери и осум поранешни министри се вмешани во случајот со фармацевтската компанија Новартис.

Истрагата за швајцарската компанија е во тек од декември 2016.

Според лидерот на опозицијата Кирјакос Мицотакис, Владата со скандалот со фармацевтската компанија „Новартис“ сака да го одвлече вниманието на јавноста од актуелните проблеми, меѓу кои и прашањето за името.

Лидерот на Нова демократија, побара целосно и итно појаснување на целиот случај.

Од грчката влада потенцираат дека овој случај претставува скандал од невидени размери.

– Станува збор за скандал поврзан со одредување на цените на лековите, што влијаеше на пазарот за лекови во 29 земји, бидејќи Грција ја креираше референтната цена за овие 29 земји, изјави владиниот портпарол Димитрис Ѕанакопулос.

Клучна улога во случајот, според грчките медиуми, имаат тројца заштитени сведоци, кои според алтернативниот министер за здравство се поранешни вработени во компанијата.

Во аферата се споемнуваат и двајца поранешни премиери, Андонис Самарс и Панајотис Пикраменос, како и осум поранешни министри за здравство, финансии и труд и социјална полтика од редовите на ПАСОК и Нова демократија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно