Меркел се свртува кон Русија

Меркел се свртува кон Русија


По неколку години лоши односи и ембарго на ЕУ кон Русија, сега Владата на Ангела Меркел се врти кон Русија.

Ова го пишува српски Курир повикувајќи се на документ од коалицискиот договор. 

Според Курир, во документот Русија се споменува како „најголем европски партнер“. 

Со ова Германија ќе го смени курсот во надворешната политика. 

Во документот пишува дека добрите односи меѓу овие две земји се важни за меѓународните предизвици и обезбедување мир. 

Се наведува дека во стопанството има голема можност за соработка. 

Според документот, двете страни од ова ќе профитираат и ќе има заеднички стопански простор од Лисабон до Владивосток. 

Но, за добри односи на Русија и Германија, важен е и ставот кон Украина и Крим. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно