Мекгрегор е HI со канабис

Мекгрегор е HI со канабис


Британските медиуми молскавично ја споделија најновата фотографија на Конор Мекгрегор, од неговиот одмор во Амстредам.

Сакајќи или не, ирскиот ММА-борец го фатиле на каса во амстердамско кафуле, додека вработниот има кутија со канабис пред себе.

Од фотографијата не се знае дали е на Мекгрегор, особено што тој гледа некаде нагоре, како да бира што да си нарача. Што и да одбрал, сигурно не е чоколадно млекце, со оглед на законите во Амстердам и соодветно на нив, понудата во кафулињата.

Мекгрегор веќе неколку дена е во Амстердам и постојано објавува каде е и што прави, но оваа фотографија не дојде од неговиот Инстаграм и е прва во ваква конотација.

Тој нема борба од 26 август, кога загуби од Флојд Мејведер, во неговиот прв наста во боксерски ринг. За таа борба заработи околу 100 милиони фунти, а во последно време се зборува дека нема да им остане последна.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно