Марсијал одби да потпише нов договор со Јунајтед

Марсијал одби да потпише нов договор со Јунајтед


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал одбил да стави потпис на нов договор со клубот од „Олд Трафорд“, пренесуваат француските медиуми.

Според „RMC“ причината за тоа е што 22-годишниот напаѓач не е задоволен од својот статус во тимот и од малата минутажа која ја добива оваа сезона кај Мурињо, па сака да ја промени средината.

Актуелниот договор на Марсијал истекува во јуни 2019 година, а од „Олд Трафорд“ му предложија нов петгодишен договор.

Меѓутоа, Французинот е одлучен во намерата да го напушти Манчестер Јунајтед и поради тоа го одбил новиот договор.

За Марсијал интерес покажуваат многу европски гиганти, меѓу кои Реал Мадрид, Јувентус, ПСЖ и Атлетико Мадрид.

Со оглед на фактот што Марсијал ова лето ќе влезе во последната година од договорот, „црвените ѓаволи“ ќе бидат приморани да го продадат.

Англиските медиуми пренесуваат дека моменталната вреднос на напаѓачот изнесува 50 милиони фунти, а споменатите клубови веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно