Марко (15) пред 4 години остана без семејството: Секој ден минува низ родителската куќа, но солзи веќе нема

Марко (15) пред 4 години остана без семејството: Секој ден минува низ родителската куќа, но солзи веќе нема


На денешен ден Марко (15) ги загуби неговиот татко, мајка, брат, сестра, и стрина кои се наоѓале во автомобил кој излетал во река.

Тој секој ден по враќањето од училиште минува низ родителската куќа, но не ги споменува, ниту плаче, а како му е, само тој знае. Без таткото Ѓоко (46), мајката Драгица (37), сестрата Марија (14) и братот Андрија (7) Марко останал 11. април 2014. - автомобилот излетал во Ибар и тие се удавиле. 

Од тогаш Марко го продолжува својот живот сам, потполно сигурен дека од Косово и Метохија нема да замине. Марко денес на гробиштата во селото Вуч близу Лепосавиќ, ќе запали свеќа во помен на неговите.

Тој пред 4 години останал без своите најмили, но го прифатил Милан Николиќ од Сочаница, брат на тетката и негов законски старател. Милан и неговата сопруга Сања се обидуваат со својата љубов колку можат да го надоместат она што го изгубил. 

- Го гледам понекогаш ќе застане, ќе се замисли и молчи, не знам на што мисли. Срцето ми плаче од тага - вели Милан за курир.рс.

Марко во меѓувреме тргнал во Средно медицинско училиште во Косовска Митровица и секојдневно патува со автобус. Секое утро на училиште го испраќаат Сања, бабата Горица и дедото Радојко... 

- Има Марко и свои другари во Сочаница, но и ние сме тука да се грижиме за него, не го двоиме од ништо, ни за секунда од нашиот Никола, кој е четврта година - вели Милан.

Секој ден, диру и за викенд и празник, штом дојде од училиште, Марко оди во родителската куќа. 

- Го влече куќата, гледам само колку се труди да ја задржи, да ја сочува, копа околу нејзе, чисти, средува... Се веќе знае да работи, знае да ора, знае да сее - рекол старателот на Марко.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно