Марихуана заборавена (оставена) во автобус

Марихуана заборавена (оставена) во автобус


Кесe полна со марихуана била пронајдена во автобус.

Случајот бил пријавен во полиција, откако на автопатот Скопје-село Миладиновци во патнички автобус со скопски регистерски таблици кој сообраќал на релација Скопје-Дортмунд, била пронајдена една најлонска ќеса оставена внатре во автобусот, а за која никој од патниците не се јавил како сопственик.

Од страна на полициска патрола од Полициската станица Петровец било утврдено дека во најлонската кеса има четири паковки марихуана со вкупна тежина од околу два килограми. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно