Манчестер Јунајтед шампион пред Сити, во младите категории

Манчестер Јунајтед шампион пред Сити, во младите категории


Младата категорија на Манчестер Јунајтед до 18 години, денеска го освои првенството за младинци, славејки против Манчестер Сити со 2:1.

Надежната генерација која Манчестер Јунајтед ја поседува, ја докажа својата класа повторно, па годинава се крунисаа во младински шампиони на Премиерлигата.

Интересно е тоа што претходната недела, сениорите на овие две спротивставени екипи, во дербито за Манчестер на „Етихад“, домаќинот Сити имаше шанса да ја освои титулата токму против Јунајтед, но поради големиот пресврт на „ѓаволите“, до тоа не дојде.

Многу од навивачите на Јунајтед се пошегуваа на социјалните мрежи, дека кога сениорите не биле кадарни да слават титула во дербито за Манчестер, тоа го сториле децата на Јунајтед во младинската категорија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно