Малта невреме, еден мртов

Малта невреме, еден мртов


Во невремето кое денеска ја погоди Малта еден маж загина, а жена е тешко повредена откако врз нивното возило паднало дрво.

Oва се случило во областа Мрихел. Двете лица се од Романија. 

Полицијата информираше дека овие луѓе, во моментот на несреќата се наоѓале на една од најфреквентните улици. 

Силниот ветер и дожд доведе до поплави во Малта. 

Во областа Кавра еден брод се насукал, но во тој инцидент никој не е повреден. 

На граѓаните им се советува да не патуваат ако не мораат. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно