Малолетничка се однесувала чудно, а кога родителите го прнашле нејзиниот мобилен телефон откриле ужасна тајна!

Малолетничка се однесувала чудно, а кога родителите го прнашле нејзиниот мобилен телефон откриле ужасна тајна!


Малолетничката најпрво негирала дека со неа се случува нешто, но подоцна признала дека е заљубена во стар човек чиј идентитет не сака да го открие.

Чуварот на едно училиште, 41-годишниот В.В. од село близу Прешево, е уапсен под сомнение дека обљубил 13-годишна ученичка. 

Според она што е познато од истрагата, чуварот пред 9 месеци го завел малолетното девојче, а пред два месеци ја присилил на сексуален однос. 

Овој случај на обљуба е откриен откако соучениците и наставниците на девојчето се посомневаа дека нешто не е во ред бидејќи таа повеќе не се однесувала како порано. 

Прво другарите од одделението забележале дека девојчето се променило, па за тоа зборувале со наставниците. Повикан е тим психолози и педагози и разговарано е со ученичката. Малолетничката најпрво негирала дека со неа се случува нешто, но подоцна признала дека е заљубена во стар човек чиј идентитет не сака да го открие. 

Во придружба на родителите, девојчето даде изјава во полиција, а по налог на јавен обвинител е уапсен осомничениот за ова страшно дело. Во понатамошната истрага се потврди дека осомничениот В.В.кој освен во училиштето работел и како диџеј во ноќни клубови, на девојчето му купил мобилен телефон во кој беа пронајдени пораките кога барал да имаат состанок. 

Од содржината на пораките откриено е дека неколку пати ја однел ученичката во мотел каде и ја одзел невиноста, а се пишува и дека и купувал подароци. Како што пишува БЛИЦ, обвинетиот чувар на сослушувањето се бранел дека се му е наместено, дека ова е лага со цел да му се растури семејството.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно