Мал авион принудно слетал на автопат(ВИДЕО)

Мал авион принудно слетал на автопат(ВИДЕО)


Помал авион бил принуден да слета на автопатот 55 во Коста Меса, на југот од американската држава Калифорнија, откако му откажал моторот, а силниот ветер го спречил пилотот да тргне кон најблискиот аеродром.

Според локалните медиуми, авионот слетал на автопатот нешто пред 20 часот по локално време. „Видов место на автопатот и веднаш тргнав натаму“, рекол пилотот. „Морав да донесам одлука во последната минута, последната секунда, дали можеме да одлетаме понатаму, а немавме доволно воздушна брзина за да одлетаме, па почнав да се спуштам.'



Според снимките на социјалните мрежи, кои ги пренесоа американските медиуми, се чини дека нема повредени во авионот, а ЛА тајмс вели дека авионот не удрил ни во автомобилите на автопатот. 

Федералната авијациска управа го истражува инцидентот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно