Македонските ракометари попладнево ќе го дознаат противникот за баражот на СП 2019

Македонските ракометари попладнево ќе го дознаат противникот за баражот на СП 2019


Можниот противник ќе се бира меѓу Австрија, Црна Гора, Унгарија, Литванија, Холандија, Португалија, Романија, Русија, Швајцарија или БиХ.

Македонската ракометна репрезентација, која го заврши својот настап на Европскиот шампионат во Хрватска, попладнево ќе го дознае својот противник за баражот преку кој црвено-жолтите ќе се обидат да обезбедат нов настап, но на Светското првенство во 2019 година. 

Покрај Германија и Данска, кои ќе бидат ко-домаќини на Мундијалот 2019-та, односно Франција која е актуелен светски шампион, за европските селекции остануваат уште десет места, од кои девет ќе бидат пополнети низ бараж дуелите, а десеттото е резервирано за европскиот првак, победникот од мечот меѓу Шпанија и Шведска. 

Македонија ќе биде меѓу носителите во првиот шешир од кој ќе бидат извлечени и селекциите на Шпанија или Шведска, Чешка, Хрватска, Норвешка, Словенија, Белорусија, Србија и Исланд.

 Можниот противник на црвено-жолтите ќе биде една од селекциите кои се во вториот шешир, а таму се Австрија, Црна Гора, Унгарија, Литванија, Холандија, Португалија, Романија, Русија, Швајцарија или Босна и Херцеговина. Ждрепката ќе се одржи попладнево во 16 часот во загрепска „Арена“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно