Македонските ,,Чарлиеви ангели'' утре екслузивно во Србија и во регионот

Македонските ,,Чарлиеви ангели'' утре екслузивно во Србија и во регионот




Со наслов „Ексклузивно на ТВ – Македонските Чарлиеви ангели“ белградската ТВ Н1, која е регионална подружница на американската Си-Ен-Ен, за утре во ударниот термин во 20:00 часот го најавува документарниот филм посветен на трите македонски специјални јавни обвинителки од СЈО, Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи. – Во време на длабока и долготрајна политичка криза, три жени, специјални обвинителки, се појавија како симбол на вистината, правдата и на храброста. Станаа симбол и на шарената револуција. Имаа обврска да исполнат голема задача во краток временски период, се вели во најавата за документарниот филм. 

Во филмот „Македонските Чарлиеви ангели“ британската новинарка Рејчел Рајт известува за борбата на трите обвинителки Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи за подигањето на обвиненија против поранешни македонски функционери во последните шест недели, пред истекот на рокот кој им е даден за да ја исполнат таа задача, се наведува во ТВ најавата што се емитува за документарниот филм, како и на интернет порталот на овој водечки телевизијски канал во Србија и регионот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно