Македонски став:Аплаудираме додека америте бомбардираат

Македонски став:Аплаудираме додека америте бомбардираат


Русија, Иран, Сирија и неколку други земји велат дека наводниот напад со хемиско оружје во Сирија е лажиран, и тврдат дека за тоа имаат сериозни докази.

Од друга страна пак САД, Велика Британија, Франција и други западни земји го тврдат спротивното и затоа донеле одлука да се нападне Сирија.

Во недостатог на независна трета страна во приказната која е црно-бела, видни светски експерти од типот на генерал Џонатан Шо, које поранешен командант на британските вооружени сили, го поставуваат прашањето која е логиката режимот во Сирија да употребува хемиско оружје кога веќе ја доби војната, и зошто тоа би го правел сега и непотребно би го земал на грб бесот на меѓународната заедница.Слични елементи имаи приказната која предходеше на наводниот напад со хемиско оружје, таа со двојниот руско-британскишпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка, кои беа отруени со нервен гас.

И овде аргуементите на двете страни се тотално спротивни, а за чудо и Скрипал и ќерка му преживее, иако се тврдеше дека се отруени со најопасниот нервен гас во светот.

Кој е во право најверојатно ќе дознаеме подоцна, како што беше случајот со Либија или Ирак, каде беа срушени Гадафи и Хусеин, за сосема други причини од тие што и беа продавани на меѓународната јавност.

Едноставно нели треба да се следат парите и бизнис интересите на светските сили.

За да Ви станат појасни работите во Сирија во прилог еден интересен графикон кој кружи на социјалните мрежи:

Иако истрагата за труењето на Скрипал се уште трае, Македонија во овој случај зазеде страна и одлучи да протера руски дипломат од земјава, што е преседан во руско-македонските односи.

За разлика од нас многу земји во регионов, како Словенија или Бугарија, рекоа дека пред да донесат одлука ќе почекат да го видат исходот од истрагата.

За наводниот напад со хемиско оружје во Сирија, земјава се уште нема толку јасен став, но ако се анализираат вчерашните изјави на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, повеќе од јасно е на чија страна сме.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно