МАКЕДОНИЈО ДА ПОМОГНЕМЕ: Делчевчанец го продава бубрегот за да го спаси 4 годишниот син!

МАКЕДОНИЈО ДА ПОМОГНЕМЕ: Делчевчанец го продава бубрегот за да го спаси 4 годишниот син!


Приказната за малиот Матеј Стоилов од Делчево (4,5 години) чијшто татко сака да го продаде бубрегот за да го лекува својот син повторно се актуелизира, бидејќи на детето му треба помош.

Матеј боледува од повеќе болести како умерен ментален хендикеп, аутизам, мизијална темпорална склероза.

Лековите кои ги прима се од Германија и Италија и се доста скапи што семејството ги чини 250 евра и плус плаќање на логопед, дефектолог, правење на снимки и слично.

Таткото на Матеј, Кирчо вели дека го продава својот бубрег, бидејќи се сиромашно семејство и немаат пари за лекување.

Во апелот за помош на Фејсбук, тие велат дека Матеј треба да се лекува во Словенија и поради тоа им се потребни пари.

Со снимките кои ги направиле во Аџибадем Систина ја утврдиле ретката болест на Матеј, а со лекарствата од странство се обидуваат да го спречат нејзиното ширење. Но лекувањето треба да продолжи во Словенија.

Трансакциска сметка за донации е:

240 1671025375 13, Уни Банка, за Матеј Стоилов.

Од странство може да се донира на девизната сметка за донации:

IBAN>MK 07240167102537513

SWIFT: UIBMMK 22

За каква било помош обратете се на телефонскиот број 078 249 702.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно