Македонија поразена и од Чешка

Македонија поразена и од Чешка


Македонската ракометна репрезентација денеска го заработи вториот пораз на Европското ракометно првенство, овој пат од селекцијата на Чешка со 25:24.

Македонија водеше во текот на целиот натпревар, а резултатот на полувремето беше 13:11. Во вториот дел Македонија имаше предност и од 5 поени, меѓутоа неколку грешки на нашите репрезентативци и 4 одбрани на голманот на Чешка, Томаш Мрква придонесоа за тоа Чешка резултатски да се врати во натпреварот.

Прв пат во резултатска предност Чешка дојде во 56. минута, која што ја задржаа до крајот. По завршувањето на 60. минути беше досуден и пенал за Македонија, но Томаш Мрква го одбрани ударот на Дејан Манасков. Со овој резултат, Македонија има 3 поени во групата, исто колку и Словенија. 

Нашите ракометари утре со Данска го играат последниот натпревар од групата во Европското првенство.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно