Македонија останува етнички поделено општество

Македонија останува етнички поделено општество


Македонија е етнички поделено општество, а таа поделеност најмногу се гледа меѓу децата, ова е оценката на комесарот за човекови права на Советот на Европа по неколкудневната посета на земјава.

Главен виновник за поделбата мегу Македонците и Албанците, Нилс Муижниекс пред се  ја гледа во политиката. Тој ги предупреди политичарите дека треба да осмислат нови начини за интеграција и спојување на двете заедници, или во спротивно за неколку години ќе дојде до целосно расцепување на општетсвото. Според комесарот и законот за јазици преставува основа за поделби и различни ставови и интерпртетации.

Поднесувањето на илјадници амандмани од страна на опозицијата за законот за јазици, според комесарот, е креативна стратегија на блокирање на нешто што не ви се допаѓа. Што се однесува за приведените за случувањата во Собранието на 27-ми април комесарот укажува дека треба да се почитуваат препораките на народниот поравобранител, со напомена дека луѓето имаат право слободно да се изразат, но немаат право да тепаат”.

- Гледам дека се прават многу напори за реформа на правосудниот систем, и во сите земји дел од тие напори е користењето на притворот во истражниот затвор, само кога навистина е неопходно, вели Муижниекс.

Комесарот за човекови права во текот на својата посета се сретна со премиерот Заев, со претседателот Иванов, со собранискиот спикер Џафери, како и со неколкумина министри. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно