Македонци за зимски олимписки игри

Македонци за зимски олимписки игри


Зимските Олимписки Игри (ЗОИ) во Пјончанг го чекаат својот официјален старт, а Македонија на истите ќе има тројца претставници кои ќе ги бранат боите на државата.

Во машка конкуренција нашата земја ќе ја претставуваат Антонио Ристевски во скијање во дисциплините слалом и велелслалом, како и Ставре Јада во крос-кантри во дисциплините спринт и 15 километри, додека кај девојките единствен претставник ќе е Викторија Тодоровска во крос-кантри во дисциплината 10 километри. Сите учесници на Зимските Олимписки игри од Македонија имаат освоена А-норма. Големиот настан во Пјонгчанг ќе се одржи од 9 до 25 февруари, а Олимписката делегација патува на ЗОИ на 7 февруари.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно