Мајкл Оливер има канта место срце-Буфон

Мајкл Оливер има канта место срце-Буфон


Џиџи Буфон е познат по својот џентлментски однос, по смиреноста, но на гостувањето кај Реал Мадрид ги загуби нервите. И кој не би, кога би му досудиле пенал во 93. минута и црвен картон

Дека на Буфон не му поминала лутината и надвор од теренот покажува неговата изјава по мечот. Не се штедеше да подели навреди за судијата Мајкл Оливер, велејќи дека е циничен и дека нема чувство за ваков ранг натпревари. „Беше сомнителен момент во 93. минута од натпревар кој има елиминациски карактер. Треба да сте циничен за да го урнете сонот на еден тим, кој ја оставил душата на терен. Овој судија не е соодветна личност за да суди натпревари од ваков ранг. Ако не сте вистинската личност, тогаш треба да сте на трибините, со вашата сопруга. Оливер има канта место срце.Не може ти туку така да влијаеш на еден спорт кој е епски. Не можете да свириш сомнителен пенал, мора да имаш сензитивност за да сфатиш каква катастрофа правиш. Реал Мадрид заслужи да помине и да ја освои Лигата на шампионите. Им честитам, тие се голем клуб, но и ние заслуживме да одиме понатаму“, изјави Буфон Реал губеше 0-3 кога доби пенал, кој го реализира Роналдо за конечни 1-3. Тој резултат му одговараше за пласман во полуфиналето од ЛШ бидејќи на првиот меч, во Торино, победи со 3-0.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно