Мајкл Оливер и нему сличните Англичани нема да судат на мундијалот

Мајкл Оливер и нему сличните Англичани нема да судат на мундијалот


Премногу често последните години се зборува за судиските неправди во Лигата на шампионите и тоа како да стана практика во нокаут фазата од елитното натпреварување.

Како по правило, во центарот на вниманието се наоѓа Реал Мадрид кој, едноставно, не смее да биде елиминиран без разлика дали противникот е подобар. Трета година по ред, најтрофејниот тим во ЛШ има обилна помош од судиите кои не бираат средства како да го однесат кон пехарот.

Последен во низата кои му помогнаа на Реал е англискиот судија Мајкл Оливер. Арбитар без особено реноме и кредибилитет, без трунка чувства за фудбал, а преку кого УЕФА се обиде да ги врати Англичаните во европската и светската судиска елита.

По неговото издание во четвртфиналето од Лигата на шампионите, станува јасно зашто првпат по 1938 година Англија нема да има судија на едно Светско првенство. Земјата која е лулка на фудбалот и чии судии водеа финалиња на Мундијалите во 1954, 1974 и 2010 година падна на ниво на меѓународна сцена да ја претставува лик како Оливер.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно