Лоши вести за туристите: Грција воведе нов данок- скокнаа цените за сместување

Лоши вести за туристите: Грција воведе нов данок- скокнаа цените за сместување


Од половина евро до четири евра, во зависност од видот на сместувањето, ќе бидат повисоки цените во Грција во изнајмените апартмани и хотелите, поради новиот данок на престој што стапи во сила на почетокот на годинава.

Претседателот на грчката федерација на хотелиери и претседател на Сојуз на хотелиери од Халкидики, Григорис Тасиос, за МИА објаснува дека оваа туристичка такса се однесува на соба, а не по лице и затоа се вика данок на престој, а не данок на ноќевање. За патувањето со автомобил до Атина, туристите ќе треба да одвојат околу 37 евра за патарини, само во еден правец.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно