Ливерпул гази

Ливерпул гази


Ливерпул ја продолжи победничката серија и против Бурнмаут, триумфирајќи на оваа премиерлигашка средба со убедливи 3:0 на „Енфилд“.

Избраниците на Јирген Клоп не дозволија изненадување пред своите фанови, а победата ја најави Мане уште во 7. минута. Во вториот дел Салах зголеми, а Фирмино во завршницата ги постави конечните 3:0.

Со денешниот погодок на Салах, тој стана првиот африкански фудбалер кој постигнал 30 или повеќе голови во една сезона во Премиер лигата, а е вкупно осми фудбалер на кого му успеало тоа во оваа лига.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно