Линиски судија спаси живот на фудбалер

Линиски судија спаси живот на фудбалер


Имено, во 65-та минута од натпреварот по еден воздушен дуел на тревникот падна фудбалерот на домаќините, Дени Фрост.

По самиот пад очигледно било дека станува збор за посериозна повреда на главата, но за да биде целата ситуација уште полоша, Фрост почнал да го голта јазикот.

На негова голема среќа, итно реагирал линискиот судија Жарир Мустафа, кој му помогнал и на крај неговата реакција се испоставил како клучна за спасот на овој фудбалер.

Тој реагирал и пред лекарскиот тим да стигне и со неговата брза реакција успеал да го спаси фудбалерот и така да се избегне трагедија.

Фрост потоа бил префрлен во болница,  подоцна и самиот фудбалер преку социјалните мрежи потврди дека е добро.

И таткото на фудбалерот му се заблагодари на Мустафи преку социјалните мрежи, а многумина веќе го прогласија за вистински херој.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно