Лажни мајстори, заработија вистинска кривична

Лажни мајстори, заработија вистинска кривична


Лажни мајстори заработија кривична пријава од струмичката полиција.

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против К.Б. (53) од Струмица поради пет кривични дела измама, казниво по член 247, став 1 и 2 од Кривичниот законик, и против И.М. (56) од Василево за помагање, казниво по член 24, во врска со член 44 од Кривичниот законик.

Во периодот од декември лани до март годинава во населените места Василево, Добрашинци и Висока Маала, К.Б. пред мештаните лажно се преставувувал како мајстор за изработка на кујни, комоди, ПВЦ и дрвена столарија, а И.М. го искористувал неговото лично познанство и довербатата што ја имал кај жителите со цел полесно да ги убедат да нарачаат производи и да дадат пари за тоа. Но, нарачаните производи никогаш не биле изработени и доставени. На тој начин К.Б. стекнал имотна корист од 153.750 денари оштетувајќи петмина.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно