Лавина по ерупцијата на вулканот ги затрупала скијачите, загинал војник

Лавина по ерупцијата на вулканот ги затрупала скијачите, загинал војник


Уште најмалку 14 луѓе биле повредени откако ерупцијата предизвикала одрон на камења и земја во круг од еден километар од активниот вулкан.

По ерупцијата и лавината, во снегот останале заробени неколку скијачи како и шест војници.

Најмалку еден човек загинал во снежната лавина која го погодила јапонскиот ски-центар, откако во вторникот во околу 10 часот наутро по локално време еруптирал вулканот во Кусатсу-Ширане, јавува BBC.


Уште најмалку 14 луѓе биле повредени откако ерупцијата предизвикала одрон на камења и земја во радиус од еден километар од активниот вулкан. По ерупцијата и лавината, во снегот останале заробени неколку скијачи, како и шест војници кои присуствувале на воена вежба.

Меѓу повредените има и четири лица кои во моментот на ерупцијата се нашле во една од скијачките гондоли. Евакуирани биле повеќе до 100 луѓе. Јапонската агенција за пожари и катастрофи го предупредила населението дека вулканската прашина и камења може да покријат и два километри околу вулканот.

Јапонија е една од сеизмички најактивните земји на светот. Во ерупција на вулкан на планината Онтаке во 2014. година загинале 63 лица.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно