Куман селектор на Холандија

Куман селектор на Холандија


Легендата на холандскиот фудбал, Роналд Куман денес и официјално беше именуван за нов селектор на „лалињата“.

Холандија е без селектор од ноември кога Дик Адвокат си поднесе оставка по неуспехот да избори пласман на Светското првенство во Русија.

Довербата да ги врати „лалињата“ таму каде што припаѓаат ја доби 54-годишниот Роналд Куман, кој има исклучително богата тренерска кариера.

Последниот ангажман му беше во Евертон од каде беше ослободен пред два месеци, а во кариерата уште ги предводеше Ајакс, Валенсија, Бенфика, ПСВ, Феенорд, АЗ и Саутемптон.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно