Кражба во Црвен крст

Кражба во Црвен крст


Крадец провалил во просториите на Црвен крст на РМ и украл над 2.000 евра, информираше МВР.

Според полицијата, кражбата се случила за време на продолжениот празничен викенд кога немало никој во зградата на булевар Кочо Рацин. Крадецот со погоден алат отворил еден од прозорците и влегол внатре.

Потоа ја отворил сеф касата од каде зел 121.000 денари, 320 евра, еден ресивер и избегал.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно