Косово прекинува со користењето на српскиот телефонски код

Косово прекинува со користењето на српскиот телефонски код


Државниот „Телеком на Косово“ денеска соопшти дека прекинува со користење на меѓународниот код на Србија за фиксните телефонски повици и дека од сега во употреба ќе биде само новиот косовски код.

 – Од 24 март кодот +381 повеќе не може да се користи. Сега треба да се користи кодот +383. Ве молиме да ги информирате своите блиски и пријатели, се наведува во пораката на „Телекомот на Косово“ до неговите корисници. Косово досега за телефонски повици од странство ги користеше меѓународните кодови на Србија (+381), на Монако (+377) и на Словенија (+386). 

Со новата одлука, за сите повици од странство на фиксната или мобилната телефонија ќе се користи кодот +383. Одлуката за доделување посебен косовски меѓународен телефонски код е донесена пред две години, откако Србија се согласи Приштина да добие сопствен код, иако не ја признава независноста на Косово и и натаму официјално го смета за дел од својата територија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно