Коњ се уплаши од њујоркчани

Коњ се уплаши од њујоркчани


Tри лица се повредени, а неколку автомобили се оштетени кога коњ што влечеше кочија во близина на Централ парк се исплаши и започна да бега, соопшти полицијата во Њујорк.

Властите наведуваат дека животното се исплашило кога пешак врескајќи отворал и затворал чадор.

Коњот зајуришал по должината на Шестата авенија, при што кочијата удрила два автомобила. Потоа кочијашот успеал да го заузда исплашеното животно.

Тројцата повредени за време на инцидентот се возеле во кочијата и набргу по случката биле префрлени во најблиската амбуланта.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно