Кому ќе припадне вилата на Тито во Суботица?

Кому ќе припадне вилата на Тито во Суботица?


Некогаш репрезентативниот објект, што се смета за културно наследство на Суботица, речиси една деценија и половина не се користи и чека нови сопственици.

По повеќе од седум децении од конфискацијата, т.н. Титова вила во гратчето Палиќ треба да им биде вратена на наследниците на Вилим Конен. Некогаш репрезентативниот објект, што се смета за културно наследство на Суботица, речиси една деценија и половина не се користи и чека нови сопственици. 

Богатиот германски индустријалец од еврејско потекло, Вилим Конен поседувал неколку фабрики и станови во Суботица, куќи во Нови Сад и Белград и две вили во Палиќ. Најпознатиот имот тој го изградил во 1900 година, во шумата околу Палиќ. Во вилата се родил и неговиот наследник Вилим Конен Помладиот. 

– Во летните периоди, богатите го минуваа своето слободно време во вилата, се рекреираа и спортуваа, раскажува Стеван Мачковиќ во својата книга „Индустријата и индустријалците во Суботица 1918–1941“. 

Властите во 1946 година го конфискувале целиот имот на Вилим Конен поради наводна „соработка со окупаторот“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно