Коктел – молотов врз возилото на Љупчо Тодоровски - Радникот

Коктел – молотов врз возилото на Љупчо Тодоровски - Радникот


Утринава било опожарено возилото на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски – Радникот.

Според полициската верзија, околу 5 часот во МВР било пријавено дека пред трговскиот центар „Три бисери“ имало опожарено патничко возило „Нисан навара“ со скопски регистарски ознаки.

Наводно, според неофицијални информации, врз џипот  бил фрлен „молотов коктел“.

Љупчо Тодоровски – Радникот, долги години ја извршуваше функцијата директор на Бирото за јавна безбедност за време на претходната власт, а се занимаваше и со научно-наставна работа на факултетот за безбедност.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно