Кога гласањето ќе се претвори во циркус

Кога гласањето ќе се претвори во циркус


Верувале или не, ножичките на Кристиано Роналдо не се прогласени за најдобар гол во ¼ финалето од Лигата на шампионите.

Најзаслужни за тоа секако се Египќаните и фановите на Мохамед Салах кои успеаа на својот миленик да му го обезбедат првото место.

Фановите на Салах гласаа за својот идол кој заврши пред Кристиано Роналдо иако неговиот погодок објективно е далеку подобар.

На третото место се најде погодокот на Чемберлејн против Манчестер Сити, на четвртото место е голот на Манџукиќ против Реал Мадрид, додека на петата позиција заврши Луис Суарез.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно